Билијард маса / Трпезариска маса
Vancouver II 7 ft. white/brown
Подарете си себе си и на Вашите најблиски посебно задоволство. Оваа модерна мултифункционална маса лесно се трансформира од трпезариска маса со простор до 12 луѓе во извонредна маса за билијард. Стилскиот дизајн ја прави добра и за конференциска маса.
Изработена е од материјали со врвен квалитет и прецизно склопена за да ги задоволи потребите и на најпребивливите. За прецизно усогласување, масата Ванкувер има прилагодливи израмнувачи на нозете. Спунтовите K66 овозможуваат висок степен на прецизност во играта.Чојата е многу издржливата и лесна за одржување. Тоа гарантира оптимална брзина, мазно тркалање на топките и долговечност. Рамниот и ненаметлив џебен систем со своите високотехнолошки еластични најлонски мрежи може да ги држи топчињата во џеб за време на играта и се враќа во првобитната рамна форма кога ќе се отстранат топчињата.
Под масата има решетка, каде што може да се скрие и складира покривната плоча. Топките и другите додатоци може да се чуваат под капакот. Масата за билијард Ванкувер со години ќе го воодушевува Вашето семејство и пријателите.
Спецификација:
- основата е изработена од тврд челик
- простор за најмногу 12 лица (како трпезариска маса)
- ногарките за масата се изработени од тврд челик
- 18 mm плоча за играње
- лесно прилагодлива со 6 израмнувачи вметнати во челичната рамка
- спунтови K66
- прилагодливи ногарки за совршено порамнување
- медијапан плоча од два дела
- димензии на масата: 2,15 x 1,22 x 0,80 m
- димензии на полето за играње: 1,86 x 0,93 m
- оптимална големина на просторија: 4,90 х 3,95 m
- простор за нозете: 0,70 m